50 литри дожд на метар квадратен во Битола

0
3553

Само 16 степени. Толку беше дневната температура во Битола. До 16 часот наврнаа 50 литри/м2 дожд.

14274412_1297223656956981_1953405794_o

Дождот кој од синоќа паѓа во Битола го зголеми нивото на водата во реката Драгор.

14247613_1297223663623647_1974495572_o

До крајот на денот ќе се  задржи облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат уште дополнителни  10 до 15 литри. Ќе продолжи да дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер.

14248048_1297223660290314_1674088769_o

Утре ќе преовладува претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер ветер.

14303723_1297223643623649_850964504_o

Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но кличините на наврнат воден талог  ќе  бидат во постепено опаѓање.

В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но сеуште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.  Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во  пораст.