50 луѓе загинале во Авганистан

0
385

Најмалку 50 луѓе загинаа при сообраќајна несреќа во Авганистан кога патнички автобус се судрил со танкер со гориво на главниот автопат во источниот дел на земјата.

Надлежните институции соопштија дека при сообраќајната несреќа биле повредени и десетици други откако по ударот се запалиле три возила. Полицијата смета дека несреќата настанала поради несовесно возење.