50-та јубилејна изведба на претставата Без паника

0
240

Претставата Без паника, ја доживеа својата 50- та изведба.По само неколку денови од враќањето од гостувањето во Санкт Петербург, екипата на оваа претстава го прославија јубилејот во битолски театар со торта.

Во претставата која е во режија на Благој Мицевски и истата беше негов магистерски труд, играат Александар Копања, Никола Пројчевски и Марјан Ѓоргиевски а е по драматургија на Билјана Крајчевска.

Bez_Panika_-_2.jpg

Оваа претстава ја освои македонската публика на сите гостувања низ државата а воедно ја доби првата награда на фестивалот Гола месечина во Скопје.

Гостувањето во Русија беше резултат на долгогодишната соработка на Битолскиот Театар со театри од Петербург а е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.