500 деца на божиќен ручек во Прилеп

0
501

Околу 500 деца од цела Македонија денеска беа заедно на божикната свечена трпеза во Прилеп. Детската амбасада за сите деца во светот денеска на големиот празник Христовото раѓање, Божиќ по 10-ти пат го организираше божикниот ручек за децата без родители, за децата на загинатите бранители, за децата со посебни потреби, за децата од сите верски заендици и за децата, членови на Детската амбасада.

Заедничкото дружење на младите почна со божикни песни и со претставувањето на заветните сцени од раѓањето на Исус Христос во Витлеем.

За организаторот, Детската амбасада за сите деца во светот чест е што ова божиќно заедничко дружење на децата е успешно веќе десет години.

–  Ова ни е традицонална божиќна средба со децата, јубилејна по 10-ти пат. Тука со нас се околу 500 деца од сите ранливи категории и речиси од сите градови во земјава. Пристигнаа децата од Скопје, Охрид, Битола, Струмица, од Прилеп, од Куманово. Под мотото „Едно небо за сите деца“ седнаа на заедничка трпеза и го прославуваме Христовото раѓање. Овој ден е значаен за сите нас, традицијата ќе продолжи и радоста е преголема. Им посакувам на сите деца добро здравје и благосостојба, вели Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.

Ручекот го благослови владиката Петар кој изјави дека Божиќ, првенствено, е празник за децата.