500 парчиња баклава од муфтиството за граѓаните

0
5238

По повод деновите на фитер Бајрам битолското Муфтиство подели над 500 парчиња баклава за граѓаните на Битола. Без разлика на вера и националност и во знак на соживот, битолскиот муфтија на отворено, пред канцелариите на битолското Mуфтиство во старата битолска чаршија им посака топло добредојде со рамазанската баклава.


-Ние во чест на месецот Рамазан Бајрам одлучивме да ја споделиме бајрамската баклава како муфтиство со сите граѓани на Битола. Над 500 баклави се поделија пред муфтиството во знак на соживот помеѓу граѓаните на Битола. Се надевам дека со оваа докажуваме дека живееме во соживот, изјави Амед Расимовски муфтија.


Годинава на традиционална баклава во канцелариите на битолското Mуфтиство и градоначалникот на Битола, кој уште еднаш на сите верници од муслиманска веросиповед им го честита Рамазан Бајрам


– Со ова покажуваме дека заедништвото, љубовта, разликите се само богатство на нашиот град. На ваков начин ја продолжуваме вековната традиција, луѓето кои што живеат во овај град да работат за доброто, да се сакаат и да се трудат едни на други да си помагаат. Доаѓаат тешки времиња како во светот така и кај нас, но мислам дека разумот и љубовта победуваат. Заедничкото уважување е патот на сите проблеми кои ги имаат граѓаните, изјави д-р Владимир Талески градоначалник на Битола.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.