51 филм за 23-тото издание на ФАДФ.Камера 300

0
668

За македонскиот филм како и за повеќето во светот, 20 -ти век е период на негово создавање и развој.10 години по првата проекција во Гранд кафе во Париз, браќата Манаки, со нивната сега веќе легендарна камера 300, купена во Лондон, од моделот Биоскоп, серија 300, во дворот на нивната родна куќа во 1905 тата година, ги снимиле првите подвижни слики на балканот.

Тоа претставуваше камен темелник за македонската филмска историја, имено снимањето на нивната баба Деспина .

23- тото издание на фестивалот на непрофесионален документарен филм- Камера 300, се одржува во годината на овој голем јубилеј односно, 110 години од првите филмски кадри на браќата Манаки.

Најдобрите филмови ќе бидат наградени од интернационално жири .

На денешната прес конференција беа доделени и сертификатите за завршената кино школа на учениците кои ги снимија своите први кадри, некои од нив добиле високи признанија на фестивали во земјата а дел од нив и во странство.

Свеченото доделување на наградите ќе биде на 30 -ти октомври.