51 медал на првенство во Грција за За-Нед-До

0
1058

Академијата за боречки вештини За- Нед-До од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер во периодот од 21 – 22 мај 2016, учествуваше на 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини ” каде за прв пат настапи и тим кој ја претставуваше Република Македонија. На 10-тиот “Светски фестивал на боречките вештини ” учество зедоа над 30 држави со свои претставници, додека македонскиот тим беше составен од 36 члена од кои 33 јуниори и 3 сениори.
Комплетниот состав на македонската делегација од 56 лица ја предводеше основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Златко Неделковски.
Главен тренер на македонскиот тим беше трикратниот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.
– Ние полека го заокруживме нашето, воедно и прво учество, на јубилејниот 10-ти Светски фестивал на боречките вештини и сметам дека и овој пат се надминати сите очекувања.
Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје.
Македонија и Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” со својот тим од 36 натпреварувачи освои вкупно 51 медал, односно- 22 први места – златни медали, 25 втори места – сребрени медали и 4 трети места – бронзени медали.