56-то издание на Струшките вечери на поезијата

0
636

Со безвременската Т’га за југ и засадување на дрвце во ,,Паркот на поезијата” во чест на овогoдишниот добитник на ,,Златниот венец” Чарлс Симиќ започна 56 тото издание на Струшките вечери на поезијата. Од вечерва па се до 28 август Струга ќе живее во духот на пишаниот збор, а ќе учествуваат еминентни светски и домашни поети и есеисти.Чарлс  Симиќ според одлуката на  фестивалот бил вистинскиот избор за оваа година токму поради неговата поезија со впечатлива концизност, истенчен слух за ритам, зачестено користење на рима во неговиот стил, едноставен, провиден и разговорен близок и вреднуван од искусните љубители и проучувачи на поезијата.

„Неговото творешто кај нас е познато, преведувано, многу длабоко кореспондира со се што нам ни е блиско како такво“, вели Елизабета Шелевска  Управен Одбор на СВП 2017.

„Повторно сум тука и секогаш ми е возвишено чувството кога сум тука во Македонија. Секоја средба тука ми е пријатна“, вели  Чарлс Симиќ добитник на ,,Златен венец 2017″.

Фестивалските содржини ќе продолжат и следните пет дена, кога ќе бидат одржани симпозиумот ,,Изгубено најдено во Преводот “, портрети на годинешните лауреати добитникот на златниот венец и на наградата ,,Мостови на Струга”, Унеско- Горан Чолак Хоџич како и прогласувањето на годинашниот добитник на наградата ,, Браќа Миладиновци” за најдобра поетска збирка на македонски јазик меѓу два фестивали. Во рамки на ,,Струшките вечери”  ќе има и термин и за европската поетска платформа ,,Версополис”.

Поетскиот спектакл на отворено  ќе заврши на 27 август со манифестацијата ,, Мостови на Струга”, кога  ќе се врачат и наградите на годинешните добитници. Во понеделник фестивалот се сели во Скопје каде ќе има поетско матине на Матка а вечерта- меѓународен поетски митинг на плоштад ,,Македонија”.