57 години Македонско научно друштво Битола

0
354

Македонското научно друштво -Битола годишнината од формирањето ја одбележа со ликовно-поетска манифестација и изложба на дела од Друштвото на ликовните уметници-Битола-ДЛУБ, меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ и меѓународната ликовна колонија „Нижо Поле“.

На синоќешната свеченост претседателот на МНД.-Битола Марјан Танушевски, истакна дека Македонското научно друштво е многу повеќе од здружение кое 57 години ја негува традицијата и мисијата на Друштвото востановена во 1960 година.

На одбележувањето на годишнината од формирањето на МНД-Битола беше потпишан Меморандум за соработка меѓу МНД-Битола, ДЛУБ и ликовните колонии „Де Ниро“ и „Нижо Поле“

Беше промовирано дел од творештвото на ликовниот уметник Панде Петровски и поетот Панде Манојлов.

Управниот одбор на МНД-Битола за успешната афирмација на МНД-Битола и постигнатите творечки резултати на Петровски и Манојлов им додели посебни награди – значка на МНД-Битола.