Се расчистува коритото на река Пена

0
180

Се расчистува коритото на реката Пена, која поминува низ Тетово, од наносите кои ги донесе при неодамнешното невреме , проследено со силни дождови.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик министерот за одбрана Иљми Селами, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, претседателот на комисијата за процена на штетите, Ејуп Алини, директорот на клинички центар Тетово, Флорин Бесими, претседателот на Советот на општина Тетово, Хисен Џемаили како и други членови од координативното тело за справување со состојбите и штетите од поплавите предизвикани од обилните врнежи во Тетово и тетовскиот регион направија теренска обиколка на коритото на реката Пена.

При тоа, направен е увид во состојбите и активностите за расчистување на наносите од камења и друг материјал, кои реката ги донесе при неодамнешното невреме, кога се излеа од нејзиното корито./крај/со/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY