6.165.280 денари за Офицерскиот дом

0
3904

В петок на седница на Советот на општина Битола се очекува носење на одлука за
за кофинансирање (учество) на општина Битола со цел аплицирање за реализација на подпроект за ,, Реставрирање и адаптирање на офицерски дом заедно со партерното уредување,, – Битола.

Доколку биде изгласана одлуката  општината  се обврзува за кофинансирање  со паричен износ од 6.165.280,оо денари, кој претставува 10% од вкупната сума за реализација на подпроектот.

Останатите средства за реализација на подпроектот ќе бидат покриени од средства од Светска Банка.