6 деца заболени од шуга а 3 од псоријаза во Домот за доенчиња во Битола

0
970

6 деца заболени во Домот за доенчиња во Битола од скабиес или кај народот позната како шуга а кај три други дечиња е констатирана болеста псоријаза. Дечињата се соодветно згрижени и изолирани а наводно биле заразени при контакт со дете од улица кое што било донесено од Центарот за социјална работа во Скопје. Курир пишува дека за ваквата ситуација е виновна министерката за труд и социјала за несоодветната кадровска промена во оваа установа, а пак Ременски при денешната посета на Домот за доенчиња кривицата ја гледа во поранешната директорка, бидејќи навреме не ги известила надлежните за состојбата со дечињата во Домот.

-Минатата година во месеците јули, октомври, ноември и декември сега разрешената директорка на Домот за доенчиња во Битола не го известила минстерството ниту пак државниот сантитарен здравствен инспекторат дека постојат случаи на дечиња со кожна болест. Па затоа директорката која што е сега на функција од 11 јануари на оваа установа го извести министерството и ние пристапивме кон засилена контрола, изјави Фросина Ташевска-Ременски, министер за труд и социјална политика

Одговорноста треба да се бара

-Дали вонредниот инспекциски надзор кој што е направен од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат на 11 февруари е нешто што требало да се направи многу месеци поранокого за прв пат било регистрирано такво нешто во Домот и чија е сега одговорноста за непостапување по овај случај, дали на оваа вд директорка или пак на претходната директорка, изјави Фросина Ташевска-Ременски, министер за труд и социјална политика

Инаку при денешната посета на Битола министерката за труд и социјала го посети и Центарот за социјална работа како и Дневниот Центар за посебни потреби .