6 години постоење 3Г бенд Битола

0
554

Над 1000 настапи од нивното формирање до денес, велат ентузијазмот од самите почетоци ги држи до ден денешен. Битолската група 3Г, е создадена пред точно 6 години.

Препознатливи по начинот на изведба на музиката, како и песните Бубачки и посебно популарната Ајвар, леб и сирење, која беше на врвот на топ листите, по повод 6-тиот роденден, на нивните фанови ќе им подарат уште една песна, овојпат во малку по различен музички жанр од досегашниот, новата песна е романтична балада.

3Г се Златко Митрески и Филип Радевски. Секоја свирка за нив значи многу моменти на дружење, патување, запознавање нови градови и луѓе.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY