6 лица повредени во сообраќајка на ул Довлеџик

0
2204

Утрово во 9.45 часот се случи сообраќајна незгода на ул Довлеџик во Битола помеѓу две патнички моторни возила. Како што не информираа од СВР Битола,еденото возило е марка џип Нисан со битолски регистарски таблици а другото мерцедес со охридски регистарски таблици. Во сообраќајната несреќа повредени се 6 лица кои што веднаш биле префрлени во Клиничка Болница- Битола. Според информациите од Клиничка Болница кои што ги добиле во СВР Битола  во сообраќајката се повредени 6 лица од кои 5 возрасни и едно дете кое имало 5 години.За среќа сите повредени лица се надвор од животна опасност. Екипи на СВР Битола направија увид на местото на несреќата.