6 милиони денари за реконструкција на Зелениот пазар

0
1595
-ЦРППР пред неколку дена доби потврдна информација дека проектот за кој што аплициравме за реновирање на Зелениот пазар во Битола на градскиот пазар е одобрен и истиот ќе биде финансиран со над 6 милиони денари, така што во рамките на оваа инвестиција ќе бидат поставени 6 големи павиљони , и ќе биде целосно реконструиран подот на Зелениот пазар со комплетна промена на водоводна мрежа и канализациона инсталација. Доколку дозволат временските услови ќе се започне веднаш со работа, изјави Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР Битола