Битола во бело на 27-ми август

0
1619

Традиционално, по 6-ти пат и оваа година, во Битола на Широк сокак ќе се одржи настанот „Широк сокак во бело“. Фестивалот во организација на „Горила продукција“ е закажан за 27-ми август, а како главни ѕвезди на вечерта ќе настапат романските техно-хаус артисти Том Боксер и Морена, познати по хитовите „Morena“, „Deep In Love и многу други.

Пред нив атмосферата ке ја загреваат ДЈ. Рикардо Хернандес, Дј. Сашо Спект и ДЈ. Андреј Ѓошев.

На самиот настан, вклучени ќе бидат сите кафе барови кои се лоцирани на најпознатата улица во Битола.

Во изминатите изданија на фестивалот настапиле Кирил Џајковски, Џуниор Џек, Хрнан Катанео, Дејвид Моралес, Том Нови и уште бројни македонски имиња.

Секоја година фестивалот го посетуваат се повеќе гости, а оваа година се очекува таа бројка да биде надмината.

Влезот на настанот е бесплатен, а истиот ќе започне во 21 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY