-6 во Битола, утре можен снег

0
439

Со -11 и – 10 степени, Маврово, Берово и Лазарополе утрово се најстудените места во Македонија, додека најтопло е во Гевгелија – еден степен , каде единствено е измерена температура над нулата.

Во Дебар се измерени – 9 степени, -7 во Тетово, – 6 во Струмица, Битола, Тополчани, Крива Паланка, – 5 во, Крушево, Охрид и Виница, – 4 во Прилеп, Претор и Штип, – 3 во Скопје, Кавадарци, Куманово, – 2 во Дојран и Демир Капија.

За утре метеоролозите предвидуваат во раните претпладневни часови во североисточните делови да врне слаб снег, додека во наредните денови утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.