60 години постоење на КУД.Илинден и збратимување со КУД.Далмација-Дуги Рат

0
739
Под името-Традиција која трае - 60 години КУД.Илинден од Битола, викендов во нашиот град  се одржa традиционалниот годишен концерт .
Ова културно уметничко друштво , 60 години ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција.6 децении е чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската народна култура ширум светот.
Во далечната 1955 година официјално е земено името Илинден за ова друштво, иако како фолклорна група постои и неколку години пред тоа.
После јубилејниот концерт беше потпишана повелба за збратимување на КУД. Илинден и КУД. Далмација од Дуги Рат, чија делегација присуствуваше на концертот.
КУД. Илиден во текот на своето 60 годишно постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајки го македонскиот фолклор.
Едни од последните гостувања се и оние во Дуги Рат но и како делегација во Перу на светскиот конгрес на меѓународната федерација за фолклор.
Оваа година покрај сплетот на игри од демирхисарско, чиј автор на сценската адаптација беше Александар Стефановски и кореографската постановка Македонија, за прв пат беше изведена постановката Охридски староградски игри, чиј автор на сценската адаптација е Валентин Соклевски, а беше изведена од ветераните на КУД.Илинден.
Илинден е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура.
Гости на концертот беа Виолета Томовска, група Фонтана, Кирил Стојчевски и други. Посебно внимание предизвика и изведбата на Илинденско, на раководителот на оркестарот Славе Наумовски.Секоја година КУД. Илинден бележи од 40 до 100 настапи. Покрај многубројните награди и признанија, оваа година ова друштво се зикити со највисокото признание на Битола-наградата 4-ти ноември.
Основан да ги чува, негува и презентира духовните и материјалните народни културни вредности, со огромен труд, креативност и ентузијазам на генерациите кои поминаа дел од својот живот во КУД. Илинден, ова друштво стана битолски и македонски бренд и еден од најреномираните ансамбли на традиционалната музика и игра, како во Македонија така и во светот.