60 годишен битолчанец полово нападнал три малолетнички

0
297

Деновиве битолската полиција работеше на кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.Имено до Основното јавно обвинителство, СВР Битола кривична пријава поднела против 60 годишниот А.Л.од Битола поради постоење основи на сомнени дека го прекршил членот 188 од Кривичниот Законик на РМ, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Приавениот во два наврати во месец Октомври со неговото ПМВ ги зел трите деца две сестри и нивната малолетна другарка кои се наоѓале на крлешка во Градскиот парк, истиот ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село, каде врз сите три извршил друго полово дејствие, вели портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Ова биле причините за сомнение по што судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Без коментари

LEAVE A REPLY