600 кандидати на вториот уписен рок

0
285

Заврши пријавувањето на студенти во вториот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, што се спроведуваше изминатите два дена, на 2-ри и 3-ти септември 2015 година.

Од информациите добиени од единиците, околу 600 кандидати поднеле документи за упис на високообразовните институции на УКЛО. Интересот на сите единици на УКЛО е стандарден и во рамките на очекуваното.

За незапишаните, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе спроведе и трет уписен рок на 14 септември 2015 година.

Во вториот и третиот уписен рок, право за запишување имаат и кандидати со училишна матура и завршен испит.

Според Конкурсот, во академската 2015/2016 година на прв циклус студии на Универзитет „Климент Охридски” – Битола има вкупно 3803 места: 2090 во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 за вонредни студии.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.