Обвинение против браќањата Мамиќ

0
497

Против браќата Здравко и Зоран Мамиќ, хрватските правосудни органи во вторникот поднесоа обвинение за затајување данок и други незаконски активности со што го оштетиле фудбалскиот клуб Динамо Загреб за повеќе од 15 милиони евра, а државниот буџет за 1,6 милиони евра. Во обвинението се вклучени и извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Дамир Врбановиќ и даночниот инспектор Милан Пернат.

Канцеларијата за борба против организиран криминал и корупција (УСКОК), соопшти дека четворица хрватски државјани се товарат за неколку кривични дела, меѓу кои се злоупотреба на службената положба, поттикнување на злоупотреба, давање и примање поткуп…

Обвинението е подигнато пред судот во Осијек, а не во Жупанискиот суд во Загреб, каде се водеше истрагата.

Портив челниците на Динамо, истрагата започна минатото лето, еден период тие беа во притвор, но откако платија кауција, беа пуштени да се бранат од слобода.

Потоа УСКОК покрена уште една истрага, со која покрај најмоќниот човек во хрватскиот фудбал, Здравко Мамиќ, беше опфатен и неговиот син, кој инаку е фудбалски менаџер, Марио Мамиќ.

Во овој случај Мамиќ и неговиот син се обвинети дека преку офшор компании во 2004 година од Динамо успеале да извлечат десет милиони евра и 500.000 фунти.