Tранспортот во денешното општество

0
531

Започна првата Меѓународна конференција од областа на сообраќајот и транспортот „Транспортот во денешното општество“, на Технички факултет во Битола.

-Основната цел на конференцијата е претставување на резултатите од научната и стручната работа на колегите од регионот и пошироко, како и размена на искуства во решавањето на предизвиците со кои областа сообраќај и транспорт се соочува и согласно Европските и националните документи за развој ќе се случува во следните дваесетина години, изјави проф.д-р Стојанче Нусев декан на Технички Факултет-Битола

-За конференцијата  пристигнаа 60 тина трудови. Нивните теми соодвествуваат со актуелните, како и со проблемите кои согласно предвидувањата , ќе бидат предмет на решавање во следните 20 тина години. На конференцијата ќе им се даде можност на младите колеги, магистранти и докторанти да ја претстават својата работа преку постер презентација,изјави Маја Маленковска-Тодорова, Технички факултет

-Регионалната цивилна мрежа Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа е е најголема мрежа од сите 11 кои што ги има во Европа. Имаме 88 градови и партнери кои што се активни во полето на државната мобилност во градовите Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија и Македонија. На денешната презентација ќе презентираме со што се занимаваме во овие изминати три години. Љубљана воведе еколошка зона во центарот која има повеќе од 100 илјади метри квадратни, која што е пешачка зона во која автомобилите им е забранет влезот и таа е целосно заживеана, изјави проф.д-р Владо Бабиќ, регионален менаџер

Организатор на Конференцијата е Техничкиот Факултет, а коорганизатори се пет факултетри од регионот и Европа: Сообраќаен факултет- Белград, Факултет за технички науки- Нови Сад, Факултет за транспорт- Катовице, Факултет за поморство и транспорт- Порторож, Сообраќаен факултет-Добој.Конференцијата ќе трае до сабота.