Штета од 1 милијарда евра

0
238

Штетите од катастрофалните поплави во Франција надминуваат 1 милијарда евра. Тоа, сепак, се само првичните проценки. Според некои осигурителни компании износот може да достигне и две милијарди.

Министерот за финансии, Мишел Сапен се обиде да поднесе некое успокојување, велејќи дека поплавите нема да имаат негативно влијание врз економијата, бидејќи е погодена само ограничена територија од земјата.

Во меѓувреме, нивото на реката Сена продолжува да опаѓа и веќе е под 6 метри, соопштуваат француските медиуми.

Се уште остануваат затворени Лувр и музејот Орсе во Париз.