Два англиски навивачи во затвор по дивеењето во Марсеј

0
548

Двајца англиски навивачи кои учествува во тепачка со руските во Марсеј пред саботниот дуел на двете селекции на европското фудбалско првенство се казнети со затворски казни од два, односно три месеца затвор, како и двегодишни забрани за влез во Франција.

Станува збор, како што објави судот во Марсеј, за 41-годишниот психијатриски медицински техничар Јан Хепворт, кој е осуден на три месеца затвор, и за 20-годишниот готвач по професија Александар Бут.

„Искрено ми е жал, се најдов на погрешно место во погрешно време, но не сум хулиган“, изјави Бут по изрекувањето на двомесечната затворска казна.

Англиските навивачи од четвртокот започнаа со предизвикување инциденти во Марсеј судирајќи се со локалната полиција, руските навивачи и со локалните фудбалски фанови.