Владата усвои ребаланс на буџетот, проекциите за раст намалени

0
524

Владата информира дека усвоила ребаланс на буџетот за годинава.

Ова е резултат на намалените приходи во државната каса и ребалансот ќе биде испратен во Собранието.

Во буџетот има три милијарди денари помалку од планираното и Владата овие пари ги крати од капиталните расходи.

Министерот за финансии, Кирил Миноски вели дека граѓаните не треба да се грижат, затоа што пари за плати и пензии ќе има.

„Она што сакам да го споделам со граѓаните на Република Македонија и македонската јавност е дека со ребалансот не се загрозени платите и пензиите, како и социјалните трансфери. Првичните проекции за раст се намалени“- изјави Миноски.

Македонската економија годинава нема да порасне за 4 проценти  туку само за 2,3 проценти.

www.faktor.mk