Турските власти го блокираа пристапот до WikiLeaks

0
433

Турските власти го блокираа пристапот до интернет страната на WikiLeaks во Туција, откако WikiLeaks вчера јавно објави близу 300 илјади маилови од владејачката партија АКП, на чие чело е Реџеп Таип Ердоган.

Бордот за телекомуникации и комуникации во Турција изјави дека била преземан административна мерка против оваа интернет страница, термин кој се користи кога се блокира пристапот до некои веб страни.

WikiLeaks, кој е познат по јавното објавување на доверливи документи, информираше дека вчера доцна попладнето објавил близу 300 илјади електронски преписки кои потекнуваат од владејачката турска партија АКП.
Оваа вест WikiLeaks ја објави преку Твитер, наведувајќи и линк до базата со податоци кои може да се пребаруваат по клучен збор. Освен маиловите објавени се и илјадници прикачени документи од 762 адреси поврзани со домеинот на турската партија akparti.org.tr.
WikiLeaks појасни дека маиловите поврзани со овој домеин во повеќето случаи се користени за соопштенија кои содржат совети, a не за доверливи внатрешни прашања.
Wikileaks пред два дена најави дека планира да објави документи за структурите на политичката моќ во Турција после пропаднатиот обид за пуч во таа земја изминатиот викенд.
Дел од 294.548 мејлови на партијата на Ердоган Партијата за правда и развој се објавени во 23 часот по локално време во Турција.