Милевски: Голема помош за бизнисот

0
402
SAMSUNG

-Во претходните 10 години, власта спроведуваше вистински терор кон микро, малите и средни претпријатија. Наместо да се грижат за својот бизнис, приватниците беа приморани да размислуваат за високите казни, инспекциите, лошите услови за работа, тешко достапните кредити и уште многу проблеми со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Новата влада после 11-ти Декември, ќе го промени овој амбиент и ќе им помогне на домашните претпријатија.

Во делот на казнената политика планот е прво инспекторите да даваат опомена а потоа казна но казна соодветна за големината на фирмата, драстично намалена.

Планираме годишно 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми. Поддршка за нови вработувања.

Во првите 100 дена јавно ќе се објави план со јасни рокови за враќање на долговите кон домашните фирми и навремно исплаќање на сите идни обврски.

Давање на поволни кредити за отворање на микро бизниси до 15.000 евра со само еден процент годишна камата.

После 11-ти Декември, ќе овозможиме основање на трговски друштва со само едно евро основачки капитал.

Ќе ја укинеме радиодифузната такса.

Ќе ја вратиме ефтината струја.

Почитувани граѓани и почитувани сопственици на мали и средни претпријатија, после 11-ти Декември мораме да направиме многу работи. Не чека секојдневна и макотрпна работа да си го вратиме животот во Македонија и животот во Битола. Она што го гарантираме е дека сите Вие ќе имате огромна помош од новата власт и сите Вие ќе имате сигурност дека новата власта ќе биде ваш партнер, изјави Горан Милевски, кандидат за пратеник