Младите се интересираат за ловот

0
1148

Ловната сезона започнува секоја година на почетокот на октомври. За ловџиите првиот ден е како празник. Така беше и во ловиштето  во Старавина, каде Здружението на ловци „Сокол“ официјално го започна ловот. А го започнаа со 5 диви свињи.DIVI SVINJI

-Ловот е спорт добар за здравјето, но скап спорт. Ги повикувам поединците да се зачленат кај нас. Токму денес член кој се зачлени брзо во нашето здружение, прв пат купи пушка и еве резултатот, маторица со четири прасиња, рече Оливер Ристевски,  Здружение на ловци „Сокол“.OLIVER

Но она од што ловџиите се најмногу задоволни што има кој да ги наследи. Се повеќе млади луѓе се интересирале за ловот.

-Не доаѓаат само на отстрел, туку се грижат и за бонитетот, да биде зголемен. Претходната генерација го има испустено, а ние со судни маки го забранувавме и го доведовме во форма како што беше некогаш кога бевме млади, изјави Јани Баљари, претседател на Здружението на ловци „Сокол“.JANI

-Има голем интерес кај младите деца, вели Никола Атанасовски, Здружение на ловци „Сокол“.NIKOLA

Од „Сокол“ велат дека се меѓу првите со концесија на ловиштата.