Со шлепер на свадба

0
19440

Се запознале на журка пред три години. Андријана е од Демир Хисар, а Мартин од Кукуречани. По традиција во семејството Белокозовски од Кукуречани вака ги правеле нивните свадби. Мартин е син на поранешниот градоначалник на тогашната општина Кукуречани. И тој денеска на нивната свадба невестата ја зеде со камион-шлепер. Утрово нивната венчавка беше во црквата св.Никола во Кукуречани, а потоа со сватовите и шлеперот пристигнаа кај Саат кулата во Битола, каде ги пречека и нашата екипа. Честитки за нивната свадба.