Дипломатско возило повреди пешак

0
387

Вчера во 18:00 часот на улица „Партизанска“ се случи сообраќајна незгода во која дипломатско возило повреди пешак. Од СВР Битола велат дека возилото „Фолксфаген Пасат“ кое учествувало во незгодата е сопственост на Бугарската амбасада, а возачот бил вработен во конзулатот на Бугарската амбасада со дипломатски пасош, со привремен престој во Битола. soobrakajka 1

86-годишниот пешак А.И. во незгодата се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на две коски на лева подколеница и фрактура на две ребра на десна страна констатирани од лекар на одделението за неврохирургија во Клиничката болница Битола, каде е задржан на истото одделение и е надвор од животна опасност.