Биомаса наместо фосилни горива

0
1185

Со цел да се зголеми свеста кај луѓето за можностите и искористувањето на биомасата, општината ќе започне со имплементацијата на проектот „Заштита на животната средина преку промоција на биомасата за замена на фосилните горива за греење и производство на електрична енергија.“ Одлуката за имплементација на проектот беше вчера на седница на Советот на Општина Битола.

-Општина Битола аплицираше од третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција и го доби проектот. Градоначалникот на Битола го потпиша договорот во седми месец заедно со претставници од Европската делегација, изјави Гордана Цветковска Бошевска, Општина Битола.gordana

Во рамките на проектот ќе се врши енергетска контрола на 3 објекти.

-Спортската сала, „Даме Груев“ од Долно Оризари и УЗ „Борис Бастерот“. Ќе се постави котел во објектот кој ќе биде избран, вели таа.

Имплементацијата на проектот ќе биде 15 месеци.

-Средставата за проектот се 135 513 евра, вели таа.

Биомасата е органска материјакоја може да се употребува за производство на топлина, горива, и струја. Освен дрвото, постојат многу други видови на биомаса, како на пример дрва, растенија, отпадоци при земјоделството или шумарството, како и органските состојки на индустриските отпадоци кои сега можат да се користат како извор на енергија. Денес, многу биоенергетски извори се добиваат преку култивацијата на растенија богати со енергија, како што се брзо-растечки треви или дрва, наречени биоенергетски магацини.