БАС задоволни од запишаните студенти во втор циклус

0
419

Започна наставата на вториот циклус студии во областа на стратегиски менаџмент на Бизнис академијата Смилевски во Битола. Оттаму задоволни од годинашната бројка на запишани студенти.

-Студентите кои ќе ги завршат овие постдипломски студии се стекнуваат со диплома МБА специјалист по стратегиски менаџмент. Бројот на запишани студенти е со 30% поголем за разлика од минатата година, изјави проф. д-р Гордана Тасевска, БАС.gordana tasevska

Од БАС додаваат и дека нивните дипломи биле нострифицирани во повеќе земји.

-БАС овозможува младите кадри да не ја напуштат државата во полето на едукација и да стекнат диплома во оваа институција со која ќе им бидат отворени вратите насекаде во светот во доменот на бизнисот. Голем број наши студенти успешно ги нострифицирале своите дипломи во образованите системи во Америка, Австралија и европските земји, вели проф. д-р Гордана Тасевска.

Таа додава дека 50% од запишаните студенти на постдипломски студии доаѓаат од други високообразовни институции каде го завршиле првиот циклус на студии.