0
321

Дали ќе има или не преговори за медиумите? Со Пржинскот договор предвидено е и реформи во медиумите. Тогаш гласно се спротивставија страните, едни беа да има реформи преку нов закон за медиумите, другите рекоа не. Потоа се променија работите, се одложија изборите од 24 април за 5 јуни.  Ова е прашањето на кое се чека одговор. Деновиве евроамбасадорот  Аиво Орав рече дека мисли дека преговорите за медиумите продолжуваат и тоа не значи дека сите политички партии и меѓународниот фактор стојат на истата страна. Според него, постојат отворени канали на комуникација меѓу партиите и во моментот се разгледува на кој начин ќе се реши прашањето.  Со Насер Селмани од ЗНМ се сретнавме во Битола. Според него, изјавата на Орав доволно зборува дека преговори ќе има, а не како што тврди владеачката партија дека со прифаќањето на одложувањето на изборите за 5 јуни, добиени биле гаранции дека тој дел е затворен.

Орав рече дека знаел оти политичките партии комуницираат меѓу себе и искрено се надева дека ќе можат да најдат начин како целосно да ги спроведат сите елементи од Договорот од Пржино. И ЗНМ сега ќе бара средба освен со политичките партии, претседателот на државата и Собранието и средби со амабасадорите, за да слушнат лично од нив зошто пропаднале преговорите и што понатаму со реформите во медиумите.

И ЗНМ опозицијата се на став дека нема да има на 5 јуни кредибилни избори ако не се исполни и оваа обврска од Пржино, реформа во медиумите.