Надежите в четврток на мегдан против Исланд, а подоцна и со Франција

0
366

Вчера во Скопје својот собир го има и младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година. Селекторот Милевски и фудбалерите почнуваат со подготовки за престојниот двомеч со Исланд и Франција во делот од квалификациите за ЕП.

Најпрво во четврток во Скопје нашите надежи го пречекуваат националниот тим на Исланд, од кого загубивме на стартот на квалификациите на гости со 3:0. Оваа средба може да биде и клучна за продолжението на квалификациите во кои Македонија се уште има шанси за висок пласман.

Неколку дена подоцна се среќаваме со Франција на гости, со која во Скопје одигравме нерешено 2:2. Милевски имаше проблем со повредите на ден од стандардните првотимци, но сепак состави тим кој може да смета на продолжение на добрите настапи во квалификациите.

Без коментари

LEAVE A REPLY