68 годишен битолчанец го искршил излогот на зградата на Рускиот конзулат

0
1112

На 01.11.2017 година околу 15,40 часот било пријавено дека во Битола на ул„Широк сокак“, на објектот каде што бил сместен Конзулатот на Русија, Н.С. (68) од Битола со бетонска плочка извршил оштетување, односно го искршил излогното стакло на конзулатот, при што бил оштетен и еден телевизор. Од страна на полициски службеници Н.С. бил приведен и по извршениот разговор истиот бил пуштен. По целосното расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава