69 години Музичко училиште Битола

0
984

Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во Македонија. Формирано е со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република Македонија од 5 октомври 1946 година. Со настава училиштето започнало наредната 1947 година откако биле обезбедени основните услови за започнување на наставата.

Уште на самиот почеток голем бил интересот за посетување на училиштето. Во тие оскудни услови биле запишани 148 ученици во трите отсеци: клавирски, гудачки и дувачки.

Од почетокот на своето постоење па се до денес, музичкото училиште седум пати се преселувало од зграда до зграда сè до неговото вселување во денешните две згради.

Денес наставата се одвива во 4 паралелки за средно образование, и 14 паралелки за основно образование.

Најстариот професор во моментов е професорот по труба Ѓорѓи Ковачевски, а најмлада е 23 годишната професорка по пијано Маја Божиновска.