Заврши културното лето во Новаци

0
1690

Во дворот на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица синоќа со концерт на народна музика на кој настапија Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска придружувани од реномираната група Фонтана свечено беше затворено Културно лето Новаци 2015.

Навистина прекрасен настан кој што е многу посетен. Концертот на групата Фонтана, песните на Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска навистина придонесоа за убаво расположение на сите присутни и сметам дека ова е пригоден настан за затварање на овогодинешното издание на Културно лето Новаци 2015. Како и минатите две години така и оваа Топол културен бран е манифестација која ја организира Културно иновативниот клуб Новаци .Ние како општина ќе продолжиме да ги поддржуваме и помагаме ваквите културни манифестации.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Генерален покровител на Културно лето Новаци 2015 е општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски, додека дел од настаните беа поддржани и од Министерство за култура на РМ.