7-ма изложба по ред на Сашо Ристевски

0
150

Традиционално и оваа година на крајот на битолското културно лето, ќе биде презентирана изложбата Бит фест 2015, на фотографот Сашо Ристевски.

Оваа изложба е 7-ма по ред и на истата се презентирани дел од настаните на овогодинешното јубилејно издание на Бит фест.

 

-Навистина беше тешко да се изберат дел од фотографиите кои ќе бидат презентирани на оваа изложба-истакна Ристевски.

 

Изложбата битолчани ќе имаат можност да ја погледнат на 27 ми август во културниот центар Магаза.