Дневникот на лудиот ги собра сите награди

0
240

Претставата Дневникот на лудиот, ја освои 7-та по ред награда во низата на награди освоени на меѓународни реномирани фестивали, овојпат добиена на 11-тиот по ред фестивал на медитеранскиот театар Пургаториј 2016 кој се одржува во Тиват.

Дневникот на лудиот, е во продукција на Moving Music Theatre, Подвижниот музички театар од Битола, во режија на Марјан Неќак, а во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ.

Оваа претстава годинава покрај оваа награда, беше наградена и на фестивалот ПУФ во Пула, Хрватска, за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, потоа на фестивалот Инфант во Нови Сад, на фестивалот Мали сцени во Риека, доби три награди и тоа за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, а тука е и наградата од публиката на годинешното издание на фестивалот на монодрама во Битола.

Дневникот на лудиот беше изведена во рамките на годинешното издание на фестивалот Сплитско лето, како и во Бриони.

Неќак, покрај турнејата со оваа претстава на фестивалот Сплитско лето, имаше премиера со претставата Венецијанскиот трговец, за која претстава ја напиша музиката.