70 години медицинско училиште Јован Калаузи Битола

0
3900

Медицинското училиште др. Јован Калаузи одбележа 70 години од своето постоење со пригодна манифестација во хотел бистро Белата куќа.
По повод патронатот беа одржани и бројни активности, рецитали ,донации, акции за граѓаните, промоции, стручно предавање .

Името на ова средно училиште е добиено по Калаузи, Јован ,роден во Битола, примариус, д-р специјалист, интернист кардиолог, еден од основоположниците на интензивна нега и терапија при кардијални кризи во Р. Македонија. Се одликувал со голема стручност и хуманост.

Патронатот се одбележува во негова чест и со цел идните генерации со гордост да го спомнуваат неговото име.

Одбележувањето продолжи и наредните денови во заеднички акции со родителите, со една невладина организација се работи на снимање на документарен филм за училиштето.