70 години на тронот

0
762

Кралот Пумипол, најдолго владејачкиот жив монарх во светот, го наследи престолот во 1946 година на 18-годишна возраст.

88-годишниот крал е длабоко почитуван од Тајланѓаните, за кои тој е фигура на стабилност низ децениите на политички немири во земјата.

Но, тој е во лоша здравствена состојба и со месеци не е виден во јавност.

Во вторникот му била извршена операција на срцето, со, како што соопшти палатата, „задоволителни резултати“. Постапката, позната како балонски хируршки зафат, беше извршена за да се прошират артериите откако тестовите покажаа дека тој немал доволно крв во мускулите на срцето, се вели во соопштението.