70 години од бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки

0
2522

 Плач и болка, врисоци…Оцрнети тела и мајки што плачат врз своите јагленосани деца кои не можат да си ги препознаат – се страшните детали на кои се сеќаваат преживеаните од нуклеарните бомбардирања во Хирошима и Нагасаки. Утре се навршуваат 70 години од хоророт што остави длабоки последици кои светот нема никогаш да ги заборави. САД беше првата нација во историјата која употреби нуклеарни оружја против непријателот, кога ги пушти атомските бомби на јапонските градови Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна, на 6 и 9 август, 1945 година.

Единствениот објект што остана на граунд зиро е познат како купола на атомската бомба Хирошима. Сега е признат од страна на УНЕСКО како моќен симбол на најдеструктивната сила некогаш создадена од страна на човештвото. 89 – годишната Кими Михара, која таму работела како тинејџерка, во солзи се сеќава на тој ден.
“Се спасив бидејќи задоцнив на работа. Се чувствував среќна што не бев таму навреме стигната, но кога ќе помислам на сите тие кои загинаа бидејќи навреме стигнале на своите работни места, многу ми е жал за нив“
Три дена подоцна беше фрлена втората атомска бомба врз градот Нагасаки и на 15-ти август Јапонија се предаде.
Повеќе од 80.000 цивили починаа веднаш како резултат на бомбата во Хирошима од Воздухопловните сили на САД. Уште 80.000 се верува дека починале како последица на детонацијата, додека илјадници починале од радијацијата во месеците и годините кои следувале по нападот.