70% од битолските села пијат неисправна вода

0
527

VODA 1 0708
На државно ниво аларманти беа податоците од Институт за јавно здравје, дека голем број на селски населби во земјава ,кои се снабдуваат од локални водоснабдителни објекти, бунари, пумпи, кладенци, пијат бакетриолошки и хемиски неиспрвана вода, полна со нитрати и бактерии. Кај нас состојбата, односно Битола и соседните општини Новаци и Могила, ништо поразлично.
MARIKA 0708
Прим.д-р Марика Ивановска спцијалист по хигиена при ЦЈЗ Битола вели дека од градскиот водовод водата со години наназад е исправна но во селските населби таа е дури 60-70% неисправна.

Иако за овој проблем се зборува, според Ивановска, во последниве 20 години, сеуште решение не е најдено ,во голем број села кои пијат вода од сопствени извори, вода од резервоари.

Ивановска потенцира дека треба таа вода во резервоарите да се хлорира.

Водата за која се зборува дека е неизпрвна и небезбедна, содржи фекални бактерии.

Ивановска дополни дека тамошните жители се навикнати на таа бактерија, но доколку туристи отидат во посета на селата и пијат таква вода, ќе имаат стомачни проблеми и дијареи.
VODA 2 0708
Тоа што сукцесивно се припојуваат селата на градскиот водовод е прашање за други институции, смета Ивановска, но за поблиските села како што се подпелистерските Дихово, Трново, Магарево, Нижеполе, вели дека е скапа инвестиција бидејќи водата треба да се натпумпува нагоре, за што се троши електична енергија.

Без коментари

LEAVE A REPLY