70% од домаќинствата имаат компјутер

0
2101

Kомпјутер имаат 70,1 отсо од домаќинствата во Македонија, а 68,3% се поврзани на интернет, што значи дека секое домаќинство кое има комјутер е поврзано со глобалната мрежа, покажуват податоците од извештајот на Интернеционалната комуникациска унија за развој на информатичкото општество во светот во 2014 година.

kompjuter

Споредено со ситуацијата пред 4 години забележан е раст на употребата на информатичко- комуникациските технологии, односно во 2010 година 53,6 % од домаќинствата имале компјутер, а пристап до интернет само 46,1%. Во споредбениот период според извештајот, просечната брзина на фиксниот интернет кон меѓународниот сообраќај во Македонија е зголемена речиси тројно. Во 2010 таа била 16.498 бита во секунда, додека во 2014 година достигна 41.812 бита во секунда по интернет корисник.

Според извештајот на телото на ОН кој неодамна беше презентиран, македонските корисници на мобилна телефонија плаќаат 12,67 долари или околу 700 денери за кошнички услуги кои опфаќаат 30 повици и 100 СМС пораки. Македонија со овие цени се наоѓа на третото место во регионот, односно мобилните разговори во споредба со нас номинално се поефтини во Грција и во Црна Гора , а се поскапи во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија. Инаку трошоците за мобилни разговори на македонските корисници учествуваат со 3,13 % во националниот бруто приход на земјата за жител.

prisluskivanje-mobilni

Независно од добрите резултати во некои клучни индикатори, во последниот извештај на ИТУ за информатичкото општество во светот, Македонија во 2014 паѓа за три позиции во споредба со пласманот во 2010 година на листат која го мери индексот на рзвојот на инормнатичко комуникациските техмологии. Според овој индекс Македонија е на 60-тото место, а рангирањето се прави според Можност за пристап до ИКТ услуги, број на корисници и ниво на писменост. На оваа листа од другите европски држави подобри сме од Црна Гора, Турција, БиХ, и Албанија која се најде на 94 место. Најдобра земја според рангирањето ИТУ е Јужна Кореја, потоа Данска, Исланд, Велика Британија и Шведска

Без коментари

LEAVE A REPLY