7000 активно невработени во Битола

0
687

Кога се зборува за младинско невработување се чини дека секогаш може повеќе да се направи, испланира и креира во најдобар интерес на младите. Тоа е да се даде практичен и исплатлив стимул кој ќе ги мотивира младите во процесот на барање работа.
Но како појдовна точка во креирањето на мерки е младиот човек кој самиот треба да ги изнесе своите потреби и проблеми за да може да се создадат и соодветни можности и решенија.– Целта е претставници од граѓанските организации млади студенти, невработени лица да имаат директен дијалог со донесувачите на одлуките, имплементатори на политики што ќе значат намалување на младинската невработеност која е актуен проблем во РМ во изминативе неколку децении, целта е да се подобрат политиките, да се понудат решенија со посебен акцент на оперативниот план за активни мерки за вработување на младите за 2017 година и за младинските политики кои ќе значат намалување на младинската невработеност, изјави Златко Талевски МКЦ Битола.

На денешната јавна дискусија во Битола беше присутна и Директорката на Агенцијата за вработување која што ги слушна проблемите на младите битолчани кои зедоа активно учество во јавната дискусија.

– Јас сум задоволна од оваа денешна дебата, младите беа многу искрени и отворени, но за жал повеќето од нив беа револтирани и разочарани од системот, од тоа како тие биле третирани од системот. Сепак изразија желба да дадат повторно шанса на системот и очекуваат системот да се погрижи за нив, не сите очекуваат директни вработувања но се искрени и сакаат само сите проекти и мерки на Владата да бидат достапни за сите нив подеднакво, да нема дискриминација по ниту еден основ, бидејќи како што тие велат долколку не биле членови или симпатизери на одредена партија во изминатиов период не моќеле да учествуваат во активните мерки или пак биле селектирани, од типот и доколку го добиеле грандот на крај од низа причини се соочувале со големи казни, изјави Билјана Јовановска Директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Последните бројки покажуваат дека во Македонија има скоро 200 илјади невработени. Половината од нив се активни баратели на работа. Другите, иако не се официјално вработени, не искажале желба за работа.

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа со поддршка на фондови од Европската Унија. Дискусијата продолжува утре во Скопје на средба со министерката за труд и социјална политика, додека пак во среда овој настан ќе се одржи во Штип на средба со Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Без коментари