71 година од бегството на политичките затвореници од затворот кај „ Црн Мост“

0
340

Со полагање на свежо цвеќе денес во Битола беа одбележани 71 година од бегството на политичките затвореници од затворот кај „ Црн Мост“. Обласниот центарален бугарски фашистички затвор во Битола бил отворен во јули 1942 година, и во него биле затворени политички затвореници од Македонија, истакна претседателот на Сојузот на Борци Александар Трајковски

„ Во затворот имаше учесници во НОВ и Антифашистичкото движење. 50 од нив беа осудени на смрт, 20 беа осудени на доживотна казна затвор, а останатите со строг затвор од 20 години.“, изјави Александар Трајковски претседател на Сојуз на Борци

Ова е историски настан кој што е вграден во развојот на нашата општина, истакна меѓудругото градоначалникот Талевски

„ Ова е место кое што памети се што се случувало во оваа околина. Денеска одбележуваме многу значаен ден и убаво е и денешните и идните генерации да го паметат ова како многу значајна важна поука на Р.Македонија “, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола

По повод 71 година од одбележувањето на политичките затвореници од бугарскиот фашистички затвор кај „ Црн Мост“, пред споменикот на истоимената месност, полагање цвеќе и достојна почит оддадоа и претставници од јавниот и политичкиот живот во општината. Почит оддадоа и учениците од ОУ „Трифун Пановски“ од Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY