71 година слободни Ресен и Преспа

0
677

Со свечена седница на Советот на Општина Ресен и со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјата низ Општина Ресен беше одбележан јубилејот од 71 години слободни Ресен и Преспа како и 24 години од независноста на Република македонија.

На свечената седница присуствуваа ресенските советници, преставници на Сојузот на борците, преставници на политичките партии во Ресен, општественици и истакнати дејци од јавниот живот како и голем број на граѓани.goko 11.09

Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски во свеченото обраќање кон присутните меѓудругото се задржа на потенцирање на славното историско минато на Ресен и преспа во сите фази на борбата на македонскиот народ за национални права и слободи, на тековните предизвици со кои се соочува општината како и на големиот број на проекти кои се реализираат во општината со цел да се овозможи подобар квалитет за животот на граѓаните на Општина Ресен.