8 години Dream cast продукција Битола

0
564

Во 2008 година неколку ентузијасти, вљубеници во креативните идеи и продукцијата, ја создаваат Дрим каст. Оваа продукција за овој краток период може да се пофали со многу завршени проекти, различни видео спотови, реклами, кратки филмови, промотивни видеа и др. а најпрепознатливи се со соработката со Солза и Смеа.
Пред многубројните свои соработници но пред се пријатели го прославија својот 8-ми роденден но и како што си носи традицијата го промовираа и роденденското видео.
Оваа година го посветија на венчавките па комичното видео го носи мотото-Во венчавките се парите.
Првобитно Дрим Каст дејствуваше како група составена од млади луѓе, за да покасно се преориентира во Здружение за поддршка и развој на филмската и ТВ продукција. Како сегменти на филмското изразување не се изоставени и видео артот и видео издаваштвото.