80 години ПСК.Пелистер

0
576
Планинарскиот спортски клуб (ПСК)„Пелистер“,организираше неколку активности посветени на големиот јубилеј – 80 години од денот на формирањето, 31 декември 1935 година.
Планинарскиот спортски клуб е формиран на иницијатива на битолчанецот Борис Алтипармак кој воедно и го регистрирал првото национално македонско планинарско друштво „Пелагонија“, а денес како негов континуитет е ПСК „Пелистер“, истакна Димче Попов, претседател на клубот.
Во овој момент имаат над 100 членови и интересот за планинарење е голем, соработуваат со сите планинарски клубови од државата, но и од странство и освоиле повеќе планински врвови.
Во рамките на манифестацијата беше презентирана ретроспективната изложба Нашите почетоци  за ПСК. Пелистер.
Тука посебно е интересна старата опрема која планинарите ја носеле на времето.
Освен изложбата, на манифестацијата беше презентирана брошурата од Пелагонија до Пелистер и се доделија плакети и благодарници.
Следните денови во спортската сала на гимназијата Ј.Б.Тито се одржа едукативниот час Планинарење, а во рамките на одбележувањето на јубилејот се и трибината-ветераните на ПСК. Пелистер, документарниот филм 80 години ПСК. Пелистер на Петар Ставрев .
ПСК „Пелистер“-Битола од Федерацијата на планинарски спортови по повод Светскиот ден на планината ја доби престижната награда „Даре Џамбаз“ за посебен придонес во планинарството.