80 години ротаријанство во Битола

0
483

Викендов во Битола, под мотото -Заживување на старата битолска чаршија, Ротари и Ротаракт клубовите од градот организираа настан пред Малиот битолски Монмартр. Настанот беше организиран по повод одбележување на 80 години ротаријанство во Битола.

За убавата атмосфера се погрижија Brass brothers и Мемфис мафиа.

Присутните имаа можност да уживаат во староградската музика во изведба на битолската група Прва севда, во придружба на хорот од музичкото училиште. Убавата приказна, која ја крие чаршијата, ја раскажа најпознатиот битолски актер Борис Чоревски, а се служеше и автентична битолска храна.